Авион со 10 патници и пилот исчезнат над Алјаска

Сподели со своите пријатели

Мал авион со 10 лица исчезна од радарите над Алјаска, во северозападниот дел на САД, соопшти денеска локалната полиција.

Loading...

Авионот Цесна со девет патници и пилот летал од градот Јуналаклита кон Номе, преку заливот во Беринговото Море.

Спасувачките тимови работат на утврдување на последните познати координати на летот, се вели во соопштението на властите.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Драма на небото над Лондон: Авион приземјен веднаш по полетувањето