Авион наместо на писта слета на автопат среде сообраќаен метеж (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Мал авион кој се појавил од никаде слетал меѓу автомобилите на еден автопат во Калифорнија.

Иако слетувањето било по правилата и без никаква грешка, ситуацијата делувала нереално, а сето тоа го снимил еден од возачите на автомобилот.

Во еден момент автомобилите започнале да го претекуваат авионот, а еден возач дури и честитал на пилотот на успешното приземјување.

Колку далеку може да лета авионот ако му откажат сите мотори?

– Не знам како успеал да го избегне сообраќајот. Ова е вистинско чудо, изјавил сообраќаецот Тревис Героу.

До несекојдневната сцена која се одиграла недалеку од Сан Диего, дошло поради расипан мотор на авионот за обука. Пилотот инструктор ја преземал контролата над леталото и го прунудил да слета во левата лента, успешно избегнувајќи ги сите возила кои се движеле по автопатот.

Во инцидентот немало повредени ниту материјална штета.

Leave a Reply