Авион над Атлантикот влета во силни турбуленции: 30 луѓе се повредени (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Патниците кои на 1 јули беа на летот UX-45 на шпанската авиокомпанија Air Europa долго ќе го паметат своето патување од Мадрид (MAD) до Монтевидео (MVD).

Loading...

Имено, Boeing 787-9 Dreamliner со регистарски број EC-MTI, кој е во сопственост на компанијата нешто повеќе од шест години, се наоѓал над Атлантскиот Океан кога налетал на исклучително силни турбуленции.

Според видео снимките кои кружат на социјалните мрежи, турбуленциите биле толку бурни што повеќе од 30 луѓе биле повредени, неколку панели паднале од таванот на авионот, а потпирачот за грб на најмалку едно од седиштата бил скршен, пишува порталот Авиејшн Хералд.

 

 

Авионот ненадејно ја изгубил височината кога се наоѓал на 785 километри североисточно од Натал (Бразил), а поради сериозноста на ситуацијата, екипажот одлучил да го пренасочи авионот на гувернадор Алуицио Алвес – аеродромот Натал (NAT), наместо да слета на Аеродром Караско во Монтевидео.

На аеродромот се испратени дури 15 амбулантни возила за лекување на патниците од леталото во кое имало 345 патници и членови на екипажот.

Loading...

Според извештајот на службениците на болницата монсињор Валфредо Гурхељ, каде што сите повредени се префрлени по слетувањето на аеродромот Натал, лекарите од оваа установа укажале на повеќе од 30 лица.

Десетмина останале на лекување во болница, од кои двајца со тешки повреди. Останатите пациенти претрпеле главно гребнатини и модринки од згмечувањето за време на турбуленциите.

Неповредените патници чекале на аеродромот Натал за замена на компаниски авион и биле пренесени во Монтевидео.