Уредите за гледање филмови (In-flight entertainment IFE) станаа секојдневие во авионите, а зигледаат како таблетите кои се вградени во седиштата, а големиот број филмови и музика значително помага при долгите летови.
Патниците неодамна забележале дека IFE уредите во компаниите „Американ Ерлајнс“ и „Сингапур Ерлајнс“ имаат вградено камери.
Двете компании во соопштеија за јавноста признале дека камерите постојат, но дека не се во функција, како и дека никогаш нема да бидат. Како што наведуваат, уредите ги прави трета компанија, а камерите се вградени доколку во иднината се укаже можност за видео повици за време на летот.
За „Американ Ерлајнс“ уредите ги правел „Панасоник“, додека за „Сингапут Ерлајнс“ освен „Панасоник“ ги произведувала и компнијата „Тејлс“.