Август 2025 година беше меѓу најтоплите во историјата на мерењата

Сподели со своите пријатели

Август 2025 година беше третиот најтопол август во историјата на глобалните мерења, со просечна температура од 16,6 степени Целзиусови, според податоците од службата за климатски промени Коперник на ЕУ.

Беше за 0,22 степени поладно од рекордните августи од 2023 и 2024 година и 1,29 степени потопло отколку во прединдустриската ера.

„Овие настани ја нагласуваат итноста од прилагодување кон климатските екстреми“

Периодот од септември 2024 до август 2025 година беше за 1,52 степени потопол од просекот помеѓу 1850 и 1900 година.

Југозападна Европа го доживеа третиот голем топлотен бран во сезоната, придружен со сериозни шумски пожари, објави Саманта Бургес од Европскиот центар за среднорочни временски прогнози (ECMWF).

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Северна Кореја одбележа 77-годишнина од основањето со повик за единство и независност

„Со оглед на тоа што океаните остануваат невообичаено топли, овие настани ја истакнуваат итноста и потребата од прилагодување кон почестите и интензивни климатски екстреми“, додаде таа.

Особено силен топлотен бран го погоди поголемиот дел од Иберискиот Полуостров и југозападна Франција од 8 до 18 август, додека северна и североисточна Европа останаа под долгорочните просеци.

Летото 2025 година беше четврто најтопло во Европа во историјата на мерењата

Летото 2025 година беше четврто најтопло во Европа досега, со температури 0,9 степени над референтниот период од 1991 до 2020 година.

Западна и југоисточна Европа, како и Турција, беа најпогодени. Сушата погоди големи делови од западна и јужна Европа, додека обилни дождови паднаа во јужна Франција, Италија и Германија.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Непалскиот премиер поднесе оставка по смртоносните протести

Делови од САД и Канада беа исто така погодени од суша, додека Источна Азија и Јужна Америка доживеаја повеќе дожд.

Коперник редовно објавува податоци за температурата на површината на Земјата, обемот на морскиот мраз и количината на врнежи.

Наодите се базираат на компјутерски генерирани анализи кои вклучуваат милијарди измерени податоци од сателити, бродови, авиони и метеоролошки станици низ целиот свет.