Авганистански службеник: Талибанците го зазедоа главниот граничен премин со Иран

Сподели со своите пријатели

Борците на талибанското движење (организација забранета во Русија), исто така, ја презедоа контролата врз клучниот округ во западен Авганистан, кој го вклучува главниот граничен премин со Иран, изјави неименуван авганистански официјален претставник, а пренесоа иранските и американските медиуми.

Loading...

Талибанците продолжија со брзиот воен напредок низ целата земја, според портпаролот на Пентагон, Џон Кирби, тие окупирале десетина обласни центри во Авганистан.

„Тие окупираа десетина окружни центри, така е. И ние веруваме дека сакаат да ги загрозат и покраинските центри“, истакна Кирби.

 

РУСИЈА ИСПРАЌА ВОЈСКА: Помош за Таџикистан поради заканите од Авганистан

 

Американскиот претседател Џозеф Бајден рече дека од авганистанскиот народ зависи како ќе ја води својата земја, најавувајќи дека американската воена мисија во Авганистан ќе заврши на 31 август, и покрај новата загриженост за можноста за граѓанска војна.

„Не отидовме во Авганистан за да изградиме држава“, рече Бајден, пренесе Ројтерс.

Loading...

„Ексклузивно право и одговорност на авганистанскиот народ е да одлучува за својата иднина и како сака да управува со својата земја“, рече тој.

Бајден рече дека Соединетите Американски Држави планираат да протераат илјадници авганистански преведувачи од земјата, очекувајќи крај на американската воена мисија во таа земја на 31 август.

Leave a Reply