Авганистанец крадел од волонтерка, а непознато лице делело лекови претставувајќи се како лекар

Сподели со своите пријатели

Волонтерката В.С. во текот на 11-ти овој месец, пријавила дека од нејзиниот ранец и се украдени документите, а во втор случај непознато лице се претставувало лажно и делело медицински маст, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.

Имено во првиот случај, волонтерката Весна Серафимовска излегла да ги пречека бегалците пред шаторот, при што непознато лице претурало по нејзиниот ранец и лична карта. Подоцна ранецот бил пронајден кај бегалец од Авганистан, но не и нејзините документи.

Во втор случај дежурен лекар од Црвениот Крст во Министерството за труд и социјална политика пријавил дека 30 минути по полноќ, лице коре се претставувало дека е од Студеничани, наводно работејчќи преку невладината „Ел Хилал“, неовластено делел медицински маст.

Истиот како примерок бил однесен во амбулантата на Црвениот крст како доказ, а лицето рекло дека маста им ја дал теренски лекар од Америка.

Инаку скандал бил приреден и од страна на две волонтерки кои имале вербален конфликт во Транцитниот центар Табановце.