Авганистанците во очајничка трка со времето по одлуката на Бајден

Сподели со своите пријатели

Очајни Авганистанците се натпреваруваат со времето додека се обидуваат да избегаат од животот под Талибанците, откако американскиот претседател Џо Бајден потврди дека следната недела ќе завршат евакуациите предводени од САД.

Loading...

Повеќе од 70.000 луѓе се веќе евакуирани, но огромен број луѓе остануваат пред аеродромот во Кабул со надеж дека ќе избегнат закани за одмазда и репресија во Авганистан, управуван од Талибанците.

Бајден целосно ја повлече својата војска и покрај предупредувањата од европските сојузници

Бајден вчера рече дека САД ќе се држат до 31 август како краен рок за целосно повлекување на војската, и покрај предупредувањата од европските сојузници дека не сите загрозени Авганистанци ќе можат да заминат до тој рок.

„Колку побрзо можеме да завршиме, толку подобро… секој ден е нов ризик за нашата војска“, рече Бајден вчера, додавајќи: „Во моментов, ние се обидуваме да завршиме сѐ до 31 август“.

Многу Авганистанци стравуваат од повторување на бруталниот петгодишен талибански режим што беше соборен во 2001 година и насилна одмазда за работа со странски војски, западните мисии и претходната влада поддржана од САД.

Вашингтон и неговите сојузници евакуираат илјадници Авганистанци секој ден со воени авиони, но станува сѐ потешко и очајно.

Хаос на аеродромот во Кабул

Loading...

Аеродромот во Кабул е во хаотична состојба, опкружен со очајни Авганистанци, додека американската војска се обидува да обезбеди периметар за летови за евакуација.

Некои имаат странски пасоши, визи или прифатливи причини за патување, но повеќето немаат. Во хаосот животот го загубија најмалку осум лица.

„Дали има некој…НЕКОЈ… контактакт внатре во аеродромот“, еден Американец молеше на групата „Ватсап“ да сподели информации за тоа како луѓето можат да стигнат до аеродромот:

„Мојот човек работеше за нас од 2010 до 2015 година и мора да дојде излезе со пет членови на неговото семејство. Ова е многу лошо“.

Талибанците исто така се обвинети за блокирање или забавување на пристапот до многумина кои се обидуваат да стигнат до аеродромот, но тие го отфрлија обвинението доцна синоќа.

„Акутен ризик од напад на Исламска држава“

Бајден рече дека Талибанците преземаат чекори за помош, но дека постои „акутен и зголемен ризик“ од напад на регионална ќелија на џихадистичката група Исламска држава.

Директорот на ЦИА Вилијам Барнс полета за Кабул каде тајно се сретна со талибанскиот водач Абдул Гани Барадар, објавија американските медиуми во вторникот, првиот самит меѓу американската влада и новите лидери на Авганистан.

Loading...

„Њујорк тајмс“ наведува дека Барнс не бил таму за да преговара за продолжување на рокот за повлекување, туку за да разговара за „операциите за евакуација и терористички закани“.

Германски министер: Дури и ако евакуацијата трае подолго, тоа нема да биде доволно

И покрај шокантните сцени на аеродромот во Кабул, Талибанците отфрлија какво било продолжување на рокот за повлекување странски војници, нарекувајќи го „црвена линија“.

„Имаат авиони, имаат аеродром, треба да ги извлечат своите граѓани…“, изјави вчера портпаролот на Талибанците, Забихула Муџахид.

Европските нации изјавија дека нема да можат да ги извлечат сите загрозени Авганистанци пред 31 -ви август.

„Дури и ако евакуацијата трае неколку дена повеќе, тоа нема да биде доволно“, изјави германскиот министер за надворешни работи, Хајко Маас, за ТВ Билд.

Строгиот рок за повлекување е дополнителна компликација што може да го намали бројот на дневни евакуации.

САД распоредија нови војници за евакуација. Контингент од повеќе од 6.000 луѓе, како и стотици американски офицери, 600 авганистански војници и опрема, ќе треба да бидат евакуирани.

Loading...

Талибанците ги повикуваат Авганистанците да останат

По молскавичната победа што го шокираше светот, Талибанците дозволија да продолжат операциите предводени од САД, фокусирајќи се наместо на воспоставување контрола и формирање влада.

Овој пат, тие ветија помек, поинклузивен режим, нудејќи им амнестија на противниците и гарантирајќи ги правата на жените.

Но, многу Авганистанци остануваат исплашени и скептични.

Забихула Муџахид додаде дека жените што работат за авганистанската влада треба да останат дома додека не се подобри ситуацијата.

Талибанците рекоа дека жените ќе можат да одат на училиште и да работат, но според шеријатскиот закон.

Loading...