Најмалку 10 лица се убиени денеска кога вооружени напаѓачи отвориле оган во северната авганистанска провинција Баглан, изјави портпаролот на полициското министерство Абдул Матин Каини.
Loading...
Засега не се знае кој стои зад нападот, пренесува Ројтерс.
Талибанците ја презедоа власта во август 2021 година, кога ветија дека ќе ја вратат безбедноста во земјата, но нападите продолжија, а одговорноста ја презеде група поврзана со терористичката група Исламска држава.
Во септември, 14 лица беа убиени, а шест беа ранети во напад за кој одговорноста ја презеде Исламската држава во Авганистан.