Авганистан во темнина: Талибанците го исклучија интернетот во целата земја

Сподели со своите пријатели

По неколку локални случаи на блокирање на интернетот во делови од Авганистан, утрово земјата се разбуди со целосна телекомуникациска блокада.

Причината за ова е целосното укинување на интернетот од страна на Талибанците, кои ја презедоа власта во оваа земја во 2021 година.

Ова го потврди и Важама Токи, активист за човекови права по потекло од Авганистан со адреса во Германија.

„Талибанците го блокираа интернетот во целата земја. Не можам да стапам во контакт со ниту еден член на семејството, ниту преку интернет ниту преку телефон“, објави Токи, барајќи од другите да проверат дали можат да стапат во контакт со своите семејства.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Утре, неформален самит на ЕУ и европската политичка заедница во Копенхаген

Меѓународната новинска агенција АФП објави дека го изгубила контактот со својата канцеларија во главниот град Кабул, вклучително и услугите за мобилна телефонија.

Мобилниот интернет и сателитската телевизија се исто така сериозно нарушени низ целиот Авганистан.

Поради губењето на интернетот, летовите во земјата беа исто така нарушени.

Во претходните случаи на блокирање на интернет, главната причина за Талибанците беше тоа што тие веруваат дека „интернетот е коренот на секое зло“ и дека тој „оди против нивните религиозни и морални принципи“.

Засега не е познато колку долго ќе трае блокадата на интернет во Авганистан, ниту какви последици би можела да предизвика.