Авганистан: Отпуштени 280 полицајци затоа што немале брада

Сподели со своите пријатели

Авганистанското Министерство за морал отпушти повеќе од 280 припадници на безбедносните сили затоа што не пушеле брада во изминатата година и приведе повеќе од 13.000 луѓе за „неморални дејствија“, соопштија вчера официјални лица.

Loading...

Министерството за спречување на пороци и ширење доблести во својот годишен оперативен извештај наведува дека околу половина од приведените се ослободени по 24 часа.

Тие не прецизираа кои се наводните прекршоци, ниту полот на уапсените, посочува агенцијата Ројтерс.

Мохибула Мохлис, директор за планирање и законодавство во Министерството, на прес-конференција рече дека официјалните лица уништиле 21.328 музички инструменти во изминатата година и спречиле илјадници корисници на компјутери да продаваат „неморални и неетички“ филмови.

Идентификувани се 281 припадник на безбедносните сили кои немаат брада и тие се отпуштени, во согласност со талибанското толкување на исламскиот закон, рече тој.

Министерството за морал, кое ги презеде просториите на распуштеното Министерство за жени во Кабул, откако Талибанците ја презедоа власта во 2021 година, се најде на удар на групите за човекови права и Обединетите нации поради ограничувањата на жените и за задушување на слободата на изразување.

Мисијата на ОН во Авганистан пријави случаи во кои службениците на Министерството за морал запирале и задржувале жени, понекогаш и по неколку часа, поради непочитување на нивното толкување на исламските кодекси на облекување.

Талибанците ги отфрлија овие обвинувања како „неосновани“, посочува Ројтерс.

Loading...

Министерството за морал не даде податоци за надзор на облекувањето на жените или нивното патување без машки старател.

Се вели дека работи на нов план за да се обезбеди усогласеност со исламските правила за облекување, под надзор на врховен духовен водач со седиште во јужниот град Кандахар.

„Врз основа на упатствата на врховниот лидер, формулиран е и одобрен нацрт-план за почитување на женскиот хиџаб“, рече Мохлис.

Министерството за морал претходно соопшти дека жените треба да ги покриваат лицата или да носат буркини по целото тело и дека спроведувањето на тие правила ќе вклучува „стимули“ со казнување на машките членови на семејството за непочитување, а не директно на жените.

Повеќето Авганистанки ја покриваа косата во јавност и пред да дојдат талибанците на власт, но некои, особено во Кабул, не го покриваа лицето и не носеа бурки.

Мохлис рече дека спречиле над 200 случаи на продажба на жени и над 2600 случаи на насилство врз жените.