Авганистан не може да земе здив: Поплави однесоа 40 животи

Сподели со своите пријатели

Најмалку 40 лица загинаа во поплавите што уништија 80 куќи во авганистанскиот кварт Камдиш. Најмалку 150 лица се водат како исчезнати.

„Телата на 40 луѓе се пронајдени, а бројот на жртвите најверојатно ќе се зголеми“, изјави за Толо вести шефот на провинциската влада, Седула Нуристани.

Камдиш се наоѓа во источната провинција Нуристан. Минатиот месец најмалку 12 лица загинаа во поплавите што погодија делови од западната провинција Херат.

Поплавите уништија и десетици куќи и овоштарници во областите и оштетија патишта, што доведе до прекин на сообраќајот, потсетува АНИ.

Поплавите во Авганистан следеа по катастрофалните врнежи од дожд и поројите во северна Европа, но исто така и во Кина, Индија и Русија.

фото: илустрација

Leave a Reply