„Be design“ започнува хуманитарна онлајн аукција на рачно изработен накит со цел да се соберат парични средства кои ќе бидат уплатени за лекувањето на седумгодишниот Александар и десетгодишната Мартина кои боледуваат од цироза на црн дроб.
Под секое парче накит на нивната објава пишува симболична цена, а Вие во коментар под секоја слика ќе ја пишете вашата сума која сакате да ја платите за одреденото парче накит. Вашата сума треба да биде повисока од почетната цена односно повисока од цената која ќе биде напишана во коментарот.
Парчето накит ќе биде откупено од оној кој ќе понуди највисока цена за одреден артикл најдоцна до 13ти овој месец, а собраните средства ќе бидат уплатени на сметката на Јасмина Додевска, мајката на Александар и Мартина.
Loading...
[huge_it_gallery id=”375″]
Сите заинтересирани кои сакаат да се приклучат на аукцијата тоа можат да го сторат на следниот линк.
Доколку сакате самостојно да помогнете на ова семејство тоа можете да го сторите со уплата на парични средства на жиро сметка.
Име: Јасмина Додевска
Банка: Централна-кооперативна банка а.д. Скопје
Жиро-сметка: 320500025832633