Loading...
Три лица, од кои две потешко, вчера биле повредени откако „ауди“излетало од магистралниот пат Куманово – Свети Николе.
– На 16.06.2025 околу 11.40 часот во Полициската станица Свети Николе било пријавено дека на регионалниот пат Куманово-Свети Николе, патничко возило „ауди“ со кумановски регистарски ознаки“, управувано од В.К.(42) од с.Кучкарево, кумановско, излетало надвор од коловозот, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Како што појаснуваат од МВР, во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот и две сопатнички К.К.(31) и Л.К.(19), констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Свети Николе.
Никола Ивановски