Атомската електраната во Запорожје не е целосно функционална

Сподели со своите пријатели

Украинската нуклеарна централа Запорожје не е целосно функционална и работи само една од шесте блокови, изјави за ТАСС член на руската воено-цивилна управа на регионот Запорожје, Владимир Рогов.

Loading...

„Животната средина и радијацијата во нуклеарната централа Запорожје се нормални. Една единица е во функција, од шест, колку што може да работи“, рече Рогов.

Тој додаде дека електраната „може целосно да работи само во еден енергетски систем, како дел од енергетскиот систем на Русија и за руската економија“, јави ТАСС.

Нуклеарната централа Запорожје е посебен огранок на украинскиот Енергоатом од 1996 година, а во март 2022 година централата беше окупирана од руските сили за време на нападот врз Украина.