ATNI докажа: Квалитетот на храната е понизок во посиромашните земји

Сподели со своите пријатели

Производи на водечките прехранбени компании во просек се со послаб квалитет во земјите со низок приход отколку во богатите, се вели во извештајот на непрофитната организација Access to Nutrition Initiative (ATNI).

Loading...

Здружението ја оценува здравоста на производите на компании како Нестле, ПепсиКо и Унилевер со индекс кој вклучува вредности од еден до пет поени.

Најдобрата оцена е „пет“, најлошата е „еден“, а производите со рејтинг од повеќе од 3,5 поени се сметаат за поздрав избор, според Health Star Rating развиен во Австралија и Нов Зеланд.

„Здрави производи не се продаваат во најсиромашните земји во светот“

Производите на група од 30 компании во земјите со низок приход добија полоши оценки од оние што се продаваат во земјите со високи приходи, откри ATNI.

Во земјите со низок приход, производите на мултинационалните компании добија просечна оценка од 1,8, а во земјите со високи приходи, каде што беа тестирани повеќе нивни производи, во просек 2,3.

„Сликата е многу јасна и покажува дека оние компании во најсиромашните земји во светот, каде што инаку се сè поактивни, не продаваат здрави производи“, рече Марк Вијне, директор за истражување во ATNI, во интервју за Ројтерс.

„Тоа е повик за будење до владите на тие земји да бидат внимателни“, додаде тој.

Годинава за прв пат здружението состави индекси одделно за земјите со високи и ниски приходи.

Loading...

Индексот е важен бидејќи пакуваната храна игра сè поважна улога во кризата со дебелината која денес го зафаќа целиот свет, предупреди АТНИ, посочувајќи на податоците на Светската здравствена организација (СЗО) дека повеќе од една милијарда луѓе во светот живеат со дебелина.

Нов извештај по тригодишна пауза

Светската банка проценува дека 70 отсто од дебелите или луѓето со прекумерна тежина живеат во земји со низок и среден приход.

„Посветени сме на зголемување на продажбата на похранлива храна и насочување на луѓето кон поурамнотежена исхрана“, изјави портпаролот на Нестле за Ројтерс во порака испратена по е-пошта, додавајќи дека Нестле ги „зајакнува“ производите во земјите во развој за да ги „неутрализира“ недостатоците на хранливи материи.

Портпаролот на PepsiCo одби да коментира.

Минатата година, тие објавија нови цели кои повикуваат на намалување на натриумот во чипсот и додавање состојки на производи како цели зрна.

Последниот извештај беше објавен по тригодишна пауза.