Нема подобар почетоко за публиката, иако доста од фановите сакаат тоа да се случи во финалниот меч. Од дуелот во кој играат двата најтрофејни клубови низ историјата на Купот „Благоја Георгиевски- Буштур“.
Дуелот помеѓу екипит ена МЗТ Скопје Аеродром и Работнички е на програмата во 14.30 шасот.
А не се ниту изненадувачки очекувањата од таборот на аеродромци:
„Купот е најинтересното натпреварување кај нас, затоа што е без фаворити, тоа се докажало низ годините. За нас отворањето е со вечното дерби, тоа е приказна сама за себе и многу ни е важен. Нашите цели како клуб се јасни, тоа е трофејот да остане во Аеродром“ – јасен на тренерот на тимот од Аеродром, Васко Атанасов.
Дамјан Стојановски посакува максимум од МЗТ Скопје на овој дерби-меч од четвртфиналето:
„Како што кажа тренерот Васко Атанасов, Купот е специфичен и нема фаворити. Ние првиот меч го играме со Работнички, знаеме за каква екипа станува збор. Мислам дека наше е да го дадеме максимумот, како што ќе се договориме пред меч, така да играме од меч во меч и да дојдеме од трофејот во Купот“ – порачува капитенот на МЗТ Скопје.

