Астронаутите во леталото на Маск пристигнаа во вселената

Сподели со своите пријатели

Вселенското летало на милијардерот, Илон Маск, сопственик на „Спејс Икс“ со четворица астронаути, слета на Меѓународната вселенска станица (ISS) во вторникот, прва мисија на НАСА користејќи приватно изградено вселенско летало со екипаж.

Loading...

Капсулата Crew Dragon слета 27 часа по лансирањето од Кејп Канаверал, Флорида, по две одложувања поради силниот ветер што го донесе бурата Ета.

Богатството на Илон Маск се зголеми на 90 милијарди долари

Астронаутите ќе ги поминат следните шест месеци во ISS, орбитална лабораторија околу 400 километри над Земјата, пренесува Ројтерс.

Шестмесечна „оперативна“ мисија

После тоа, нов тим на астронаути ќе ги замени во капсулата Crew Dragon. Ротацијата ќе трае се додека Боинг не се приклучи на програмата со своето летало кон крајот на следната година.

Во екипажот има командант на Crew Dragon, Мајк Хопкинс и двајца астронаути на НАСА: пилотот на мисијата Виктор Гловер и физичарот Шенон Вокер. Ним им се придружи и јапонскиот астронаут Соичи Ногучи, за кого ова е трето патување во вселената, откако претходно леташе со американскиот шатл во 2005 година и Сојуз во 2009 година.

Илон Маск одбива вакцинацијата против коронавирусот

Loading...

Еден американски астронаут и двајца руски космонаути се на вселенската станица од претходната мисија.

„Добредојдовте на ISS. Едвај чекаме да дојдете”, рече Американката Кејт Рубинс.

Пред да добие потврда за лет од НАСА, Crew Dragon се градеше приближно десет години како дел од јавно-приватната програма на НАСА што започна во 2011 година.

Членовите на следната мисија со екипаж планирана за крајот на март 2021 година ќе бидат европскиот Томас Пескет, двајца Американци и еден Јапонец.

Leave a Reply