Астронаутите ова не смеат да го прават во вселената, иако е нормално на Земјата

Сподели со своите пријатели

На Земјата, нашето тело ги извршува своите функции за кои, најчесто, воопшто не размислуваме. Кога нешто ќе не зачеша во носот, кивнуваме. Кога чувствуваме потреба, одиме во тоалет. И, често после оброк, без разлика дали сакаме да признаеме или не, подригнуваме.

Loading...

Дали знаете дека сите овие активности во вселената се многу проблематични?

Астронаутите кои престојуваат на Меѓународната вселенска станица мора да научат како да вршат нужда во вселената, каде што нема гравитација, но и како да кивнат.

 

 

Тие можат дури и да испуштаат гасови, но ова не е пријатна ситуација затоа што – нема прозорци, па „мирисот“ останува присутен долго време.

Состојбата со подригнување е нешто понепријатна. Американскиот астронаут Крис Хадфилд, понуди прилично јасно објаснување зошто астронаутите во вселената всушност не треба да ждригаат.

Loading...

 

Вие не можете да ждригате во вселената, бидејќи воздухот, храната и течноста во вашиот стомак лебдат заедно како голем балон. Ако подригнете, всушност враќате воздух во устата. Па, погоди каде оди тој заробен воздух?, напиша Хадфилд.

На кратко, ако астронаут (или некој друг) се обиде да ждрига во вселената, тоа ќе се претвори во случај на повраќање на полу-зготвена храна и киселина во стомакот. Кој тогаш, наместо да падне на подот или да се држи до ѕидот, всушност лебди во воздухот.

 

 

И, освен што ужаснува сè, може да предизвика и технички проблеми, ако случајно стигне до некој од чувствителните инструменти на МСС.

Loading...

Дали воопшто треба да се опишат тешкотиите за чистење на ваков настан?

Leave a Reply