Астронаути шест часа инсталираа соларни панели на Меѓународната вселенска станица (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Француските и американските астронаути завршија шестчасовнa прошетка низ вселената, при што инсталираа нови соларни панели за да го зголемат протокот на електрична енергија до Меѓународната вселенска станица (ISS), соопшти во понеделникот американската вселенска агенција (НАСА).

Loading...

„Беше одлична тимска работа и не можев да бидам посреќен што се вратив на станицата со колегата Шејн Кимброу“, напиша на Твитер францускиот астронаут Томас Песке.

 

Двајцата астронаути, кои пристигнаа во вселенската станица на крајот на април, инсталираа шест соларни панели од новата генерација, пренесува Гардијан.

Новото соларно крило, а треба да пристигнат уште пет, ќе и даде на застарената станица доволно електрична енергија за да може да прими вселенски туристи, кои планираат да го посетуваат ISS во сè поголем број.

 

Loading...

Leave a Reply