Астероид со големина на Голден Гејт ќе мине крај Земјата

Сподели со своите пријатели

Астероид со големина на познатиот мост Голден Гејт во Сан Франциско ќе помине близу до Земјата на вториот ден од пролетта и воедно ќе биде најголемиот и најбрзиот астероид што ќе помине близу до нашата планета во 2021 година.

Loading...

Астероидот, кој НАСА му го даде името 231937 (познат и како 2001 FO32), е широк од 400 до 700 метри и кружи околу Сонцето за 810 дена, објави денес веб-страницата CBS News.

 

 

Ова небесно тело е помало од претходното на кое НАСА обрна внимание и ќе помине трипати поблиску од претходниот астероид, објави НАСА во четвртокот.

Астероидот ќе помине на два милиони километри од земјата на 21 март во 17.02, само еден ден по пристигнувањето на пролетта.

Според класификацијата на НАСА, растојанието од два милиони километри се смета за „потенцијално опасно“ во базата на податоци на астероиди, кои мора да бидат поголеми од 150 метри во дијаметар.

Loading...

 

 

Брзината на FO32 2001 е 77.000 километри на час (близу 124.000 километри на час), или 34 километри во секунда, што го прави еден од најбрзите вселенски објекти што некогаш поминале покрај Земјата.

Leave a Reply