Асанж може да се жали на одлуката за екстрадиција во САД

Сподели со своите пријатели

Високиот суд одлучи дека основачот на Викиликс Џулијан Асанж може да поднесе жалба на одлуката за негова екстрадиција до Врховниот суд на САД.

Loading...

Меѓутоа, дозволата за директна жалба му била одбиена, што значи дека Врховниот суд ќе треба да одлучи дали треба да го слушне неговиот приговор или не, објави „Индепендент“.

САД го бараат Асанж (50) поради наводен заговор откако „Викиликс“ објави стотици илјади протечени документи поврзани со војните во Ирак и Авганистан.

Американските власти во декември минатата година добија приговор во Високиот суд за поништување на пресудата дека Асанж не треба да биде екстрадиран поради реалниот и „репресивен“ ризик од самоубиство.

Минатата недела Стела Морис, свршеницата на Џулијан Асанж и неговиот адвокат, на Универзитетот СОАС во Лондон изјави дека ЦИА имала план да го убие нејзиниот вереник.