„АртМемориам“ – Изложба посветена на творештвото на најстарата генерација кумановски сликари

Сподели со своите пријатели

Во организација   на Националната установа   Музеј   –   Куманово   на 25  ноември 2019 година во 19:30 часот, во Уметничката галерија во Куманово ќе  биде   отворена изложбата „АртМемориам“.

Loading...

Изложбата е посветена на творештвото на најстарата генерација кумановски сликари: Трајко Муфтински,  Кирил Караџа,  Добри  Трендафиловски – Добрин,  Трајче Јанчевски,   Драгутин Аврамовски – Гуте, Момчило Аврамовски,  Верољуб  Станковиќ,  Тане  Атанасовски – Гарски, Владимир Величковски – Кумановски, Момчило Петровски – Моцо, Иван Оцепек и Реџаи Исени.

– Некои   од   нив   имаа   активна   и   водечка   улога   во   одвивањето   на   одделни  текови во современата македонска ликовна уметност. Оваа генерација ги втемелуваше актуелните и доминантни тенденции поврзани соапстрактно/енформелскиот израз, органската апстракција и апстрактниот експресионизам, одделните видови на надреализмот и новата фигурација,  одликите на магичниот реализам, нои  одблесоците од кубизмот  и експресионизмот, велат од кумановскиот музеј.

На изложбата ќе бидат поставени по неколку дела од секој уметник, а на отворањетоќе   биде   претставена   и   книга   за   нивното   творештвото  со критички осврт кон секој автор поединечно со текст од Гоце Божурски – историчар на уметност и сликар, на кого, годинаваова му е веќе трета книга од оваа област.

Leave a Reply