Менаџерот на Арсенал, Микел Артета е многу задоволен од привлекувањето на Томас Партеј.
Халфот дојде на последниот ден од преодниот рок од Атлетико Мадрид и се очекува сериозно да ја засили средната линијата на тимот.
– Ние бевме заинтересирани за него неколку месеци и го следевме неговиот напредок. Мислам дека тој ги има сите потребни квалитети за да стане важен играч за нас – сила, техника, карактер. Можеме да го користиме во различни шеми и секогаш да биде корисен. Имам неколку идеи што сакам да ги развијам и Томас ќе ми даде повеќе можности во овој поглед. Со него ќе можеме да уживаме во подобра рамнотежа во преминот од одбрана во напад, изјави Артета.
Арсенал плати 50 милиони евра за репрезентативецот на Гана.
Влатче Зорба