Претседателот на Советот на Општина Куманово, Александар Арсиќ денеска по одржана координација со партиите од градскиот парламент, на прес конференција даде одговор на постојаните повикувања од ОК ВМРО-ДПМНЕ за свкикување итна и вонредна седница.
Како што вели Арсиќ, итна седница не постои во деловникот за работење, додека вонредна седница се повикува по прашање за безбедноста и сигурноста на граѓаните, но посочи дека никој до него не доставил барање за свикување било каква седница.
Согласно член 29 од Статутот на Општина Куманово, седниците свикува претседателот на Совет на своја иницијатива, на барање на градоначалникот или на барање на најмалку една четвртина од членовите на советот, најдоцна во рок од 15 дена од денот на негово поднесување. Затоа на моја иницијатива ја свикакв денешната координација на која на сите координатори укажав за законскиот пат на свикување на седницата. Како прво, Советот не може да свикува итна седница бидјеќи како таква не постои, туку Советот работи на редовна, вонредна или свечена седница. Како второ барање беше свикување на вонредна седница. Како појаснување согласно член 30 од Статутот ан Општина Куманово, вонредна седница се свикува за прашање од значење на безбедност аи сгиурноста на граѓаните, за прашања кои настанале поради вонредни околности и при посета на делегација или висок фунцкионер од друга земја кога истите сакаат да се обратат до членовите на советот. От тука констатиравме дека нема оправданост на причините за свикување на вонредна седница – рече Арсиќ.

