Аризона: Бебе почина од топлотен удар кај езеро. Надвор имало 48 степени

Сподели со своите пријатели

Четиримесечното бебе Тана Ра Вроблевски починала од топлотен удар на езеро во Аризона додека со своите родители била на брод.

Loading...

Додека биле во чамецот, на бебето одеднаш му се слошило и набрзо изгубило свест.

Родителите со чамецот веднаш стигнале до брегот и повикале помош.

Бебето веднаш било пренесено во болница, каде лекарите безуспешно се обиделе да ја реанимираат.

„Уништени сме, срцата ни се скршени. Нема зборови со кои може да се опише она што го чувствувам“, вели мајката на бебето.

Таа додала дека не ѝ е јасно зошто морала толку брзо да ги остави.

„Ти беше совршена. Те сакаме бескрајно, засекогаш ќе бидеш наш ангел”, додала мајката.

Освен малата Тана, родителите добиле уште една ќерка, која се уште не може да разбере зошто нејзината сестра повеќе ја нема.

Loading...

„Секоја вечер ги става омилените играчки на Тана во нејзината количка. Срцето ми се скрши кога го видов тоа“, додала Тања.

Телото на бебето е испратено на обдукција, но лекарите велат дека бебето имало симптоми на топлотен удар по пристигнувањето во болница.

На езерото во Аризона тој ден имало 48 степени.