Археолози среде океан откриле проколнат град (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Новата технологија овозможила археолозите да го истражат руинираниот древен град Нан Мадол, кој претходно бил недостапен поради големата одалеченост и непристапност.

Тајанствениот град кој лебди среде океанот е „проколнат“, а неговото откритие целосно ги збунило експертите.

Необичниот град, кој се наоѓа покрај брегот на микронезискиот остров Понпеи, се состои од гигантски геометриски посебни блокови изградени на врвот на лагуната.

Мрачни тајни на проколнатото гратче во Европа: За шест години 79 самоубиства (ФОТО+ВИДЕО)

Loading...

Островите се разделени со тесни заливи и заштитен морски ѕид, поради што луѓето го споредуваат со Атлантида.

– Зошто некој би правел град среде океан? Зошто тука, толку далеку од било која друга позната цивилизација, запрашал археологот Патрик Хант во изјавата за „Science Channel“.

Некогаш оваа таинствено гратче било населено со непозната човечка култура за која малку се знае, а потекнува од 1. или 2. век. Се што засега е познато е дека со векови на тоа место се зборувало дека гратчето е проколнато.

Инаку, името „Нан Мадол“ значи „место помеѓу“, а островот е одалечен 4.000км од Лос Анџелес и 2.600км од Австралија. Ѕидовите се високи осум, а широки пет метри.

Leave a Reply