Бразилскиот претседател Луис Инасио Лула да Силва прогласи седумдневна жалост за папата Франциско.
„Господ нека ги утеши оние кои денес ја трпат болката од оваа голема загуба ширум светот. Во негов спомен и во почит кон неговото дело, прогласувам седумдневна жалост во Бразил“, се вели во изјавата на претседателот.
И аргентинската влада прогласи седумдневна жалост поради смртта на папата, пренесува Ројтерс.
Во понеделникот беше отслужена посебна миса во катедралата во Буенос Аирес, каде што некогаш папата беше надбискуп.
Претседателот Хавиер Majli претходно се судри со папата, нарекувајќи го социјалист, но откако тој ја презеде функцијата кон крајот на 2023 година, нивниот однос се подобри.
„И покрај разликите кои денес изгледаат безначајни, можноста да се сретнам со неговата добрина и мудрост беше вистинска чест за мене. Се збогувам со Светиот Отец и заедно со сите денес ја доживувам оваа тажна вест“, рече тој.
Владата во Шпанија прогласи тридневна официјална жалост за смртта на папата Франциско, кого го опишува како „добар човек“ и верува дека Црквата започнала патување кое мора да продолжи.
Утрово Ватикан објави фотографии од папата Франциско во отворен ковчег, облечен во црвена наметка и држи бројаница.
Сликите се направени во капелата Каса Санта Марта, резиденцијата на папата во Ватикан.
Да потсетиме, Ватикан вчера преку видео-објава објави дека папата Франциско почина на 89-годишна возраст.Папата ќе биде погребан во сабота на 26 април.
Папата Франциско беше првиот латиноамерикански поглавар на Римокатоличката црква.
За време на неговото 12-годишно папство страдал од разни болести.
Тој беше хоспитализиран на 14 февруари во римската болница Гемели поради тешка респираторна инфекција.
Првично беше лекуван од бронхитис, а потоа му беше дијагностицирана билатерална пневмонија.
Ватикан на 21 март извести дека папата полека ги враќа силите, но дека ќе треба да го врати говорот откако ќе добие терапија со кислород.
Папата беше отпуштен од болница на 23 март, по што закрепна во папската резиденција Каса Санта Марти.
Оваа година Папата не присуствуваше на велигденските богослужби во Ватикан.
Службите беа предводени од неколку кардинали.