Арапските земји кои неодамна ги прекинаа односите со Катар, бараат од таа земја во рок до 10 дена да ја затвори катарската телевизија „Ал Џазира“ и нејзините подружнии, да ги прекине дипломатските врски со Иран и воената соработка со Турција, како и врските со „терористичките организации“, јавуваат светските медиуми.
Агенцијата „Асошиејтед прес“ потсетува дека Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати, Бахреин и Египет претходно овој месец ги прекинаа сите врски со Катар, обвинувајќи ја таа земја дека го поддржува и финансира тероризмот.
Овие арапски земји бараат од Катар да ги протера припадниците на иранската Револуционерна гарда, да ги затвори катарските дипломатски претставништва во иран и со Техеран да ги прекине дипломатски врски и било каква заедничка воена соработка, додека трговијата со иран би била дозволена под строги правила на меѓународните и американски санкции, наведува „АП“ кој имале увид во тој документ.
Арапските земји исто така бараат гасење на телевизиските канали „Ал Џезира“ и нејзините подружници „Араби21“, „Рашид“ „Ал Араби Ал Џадид“ и „Мидл ист ај“.
Меѓу барањата се нашло и моментално завршување на воената соработка со Турција на територијата на Катар, како и повлекување на торската воена техника, што во суштина значи дека ќе дојде до гаснење на турската база во Катар.
Покрај доста јасните барања, арапските земи упатија и помали прецизни барања, кои можат да се протолкуваат како субјективни, затоа што бараат да се предадат „терористички личности“ и барани индивидуалци.
Друг таков пример е финансиската надокната за губење на живот, како директен резултат на катарската политика, а сумата би била одредена во договор со Катар.
„АП“ укажува дека не е јаасно што ќе се случи доколку Катар одбие да ги прифати сите овие барања.