Ирска направи договор со „Ејпл“ за наплата на 13 милијарди евра (15 милијарди долари) неплатен порез.
Средствата ќе бидат депонирани на ескроу смета додека трае жалбената постапка пред Европскиот суд на правда.
Ескроу сметка е наменска сметка на која се депонираа средствата како гаранција дека некоја работа ќе биде извршена во рамките на договорот помеѓу две страни. Владата во Дабил соопшти дека постигнала договор во поглед на принципите кон кои ќе се спроведува ескроу аранжманот, пренесува агенцијата АП.
Европската комисија на Ирска и наложила да наплати средства од американската компанија откако заклучила дека двете ирски порески одлуки овозможиле „Ејпл“ да плаќа помал порез од други компании, со што на таа технолошка компанија и дала неправедна предност.
Комисијата наредила Ирска да наплати порез од 2003 до 2014 година, кој се проценува на 13 милијарди евра, плус камата.
Ирска не се сложува со наодите на Комисијата и се жали на одлуката пред Европскиот суд за правда.