Апокалиптично во Хрватска: Бурата урна ќерамиди од куќите, градот уништи автомобили (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Ситуацијата на подрачјето на селото Бошњаци по синоќешното невреме е крајно хаотична, а за тоа колку страшно било на улиците на Славонија говорат и фотографиите од оштетените автомобили и куќи.

Loading...

Според жителите, невремето уништило се пред себе во тој крај.

„Градоначалникот на Винковци е тука, од владата се јавија луѓе од округот, премиерот Пленковиќ и вицепремиерот Томо Медвед. Знаеме дека имаме осум сончеви денови да ги средиме работите“, рече началникот Андрија Јузбашиќ по страшната катастрофа, јавува 24сата.хр.

 

 

На прашањето што им треба најмногу, Јузбашиќ рече – сушари и ќерамиди.

„Веднаш ги собравме сите фирми и формиравме комисии со градежни стручњаци, ангажиравме и дрон да ја сними состојбата на подрачјето на општината за се да биде документирано. Секоја куќа ќе го добие тоа што ѝ треба. Фолиите се веќе дистрибуирани“, рече тој и додаде дека олеснителна околност што нема да врне во наредните денови.

Loading...

 

 

Тој посочи и дека најтешко ќе биде во старите куќи, поради што најверојатно ќе мора да ангажираат војска, како и дека ХЕП повремено ќе ја вклучува струјата бидејќи инсталациите се „мокри“.

„Бараме граѓаните да го прифатат ова објаснување за нивната безбедност, струја ќе дојде, но ќе се погрижиме секој граѓанин да биде безбеден“, рече тој и додаде дека утре наутро ќе биде прогласена елементарна непогода.

 

 

Loading...

Според евиденцијата на примени и обработени интервенции за гаснење во последните 24 часа, евидентирани се 270 противпожарни интервенции во кои учествувале 302 противпожарни единици со вкупно 943 пожарникари и 332 противпожарни возила.

Невремето најсилно ја погоди Вуковарско-сремската жупанија, каде невремето беше придружено со силен ветер и град, што резултираше со оштетување на покривите на зградите, фасади, поплави на згради и соборени дрвја.