Апокалиптични снимки од Австралија: Илјадници ги напуштија домовите поради поплави (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Десетици илјади жители на Нов Јужен Велс беа принудени да ги напуштат своите домови поради обилните дождови кои ја погодија австралиската држава и предизвикаа поплави.

Службата за итни случаи проценува дека околу 60.000 луѓе добиле наредба за евакуација од Нов Јужен Велс и апелираа до луѓето да ги почитуваат.

Обилни дождови паднаа за само неколку часа во Хантер, Централниот брег, Сиднеј, Илавара и јужниот брег.

Поплавени се домови, деловни објекти, патишта, а нивото на реките се уште расте.

Се очекува вечерва да дува силен ветер кој може да предизвика дополнителни штети – собори дрвја и далноводи.

 

 

Според метеоролошките извештаи, ширум Сиднеј во следните 24 часа се предвидува дожд до 120 милиметри, а невремето се очекува да престане до крајот на утрешниот ден.

На телевизиските снимки се гледаат поплавени патишта и потонати автомобили на северните плажи во Сиднеј, а на жителите од пониските области им било кажано да се евакуираат.

Дваесет лица досега ги загубија животите поради поплавите

67-годишна жена и нејзиниот 34-годишен син биле пронајдени мртви во близина на напуштен автомобил во одводен канал во Западен Сиднеј, соопштија властите.

Полицијата во Квинсленд ја потврди смртта на маж кој исчезна во поплавите на 27 февруари, со што бројот на загинати се искачи на 20 од почетокот на поплавите.

Повеќето луѓе биле пронајдени мртви или во поплавени куќи или во автомобили со кои се обидувале да поминат по поплавените патишта.

Драматични слики од Австралија пристигнуваат со денови. На социјалните мрежи се споделуваат фотографии и снимки од поплавени патишта и домови, а некои „домаќиле“ и кенгури.