АПОКАЛИПСА ВО ГРЦИЈА: Евакуирани и македонски туристи (фото+видео)

Сподели со своите пријатели

Катастрофални поплави се регистрирани во Грција изминатите неколку денови. Евакуирани се скоро сите летувалишта, а заглавени туристи насекаде низ државата.

 

Loading...

 

Македонски туристи има во близина на селото Каламитци. На социјалните мрежи македонските туристи пишуваат дека Сарти и Торони се поплавени. Во меѓувреме се врши евакуација на туристи.

 

 

Македонските туристи се евакуирани, а од МНР известуваат дека немаат други пријави за помош, освен за едно семејство кое било на одмор во Торини и кое се обратило за помош во конзулатот во Солун.

 

Loading...

 

Грчките медиуми јавија дека еден овчар починал откако бил погоден од гром во невремето што ја зафати Грција.

 

https://www.facebook.com/GreekReporter/videos/10154835641770829/

 

Голем број автомобили биле однесени од надојдената вода, а нивните сопственици се евакуирани на повисоките места, во хотели и апартмани.

https://www.facebook.com/bmadjercic/videos/10211628004168732/

Интензивните врнежи што ја погодија цела Грција предизвикаа поплави на патиштата особено на патот Лариса-Кожани и Ситонија, вториот крак на Халкидики, каде што во Торони, Порто Куфо и Тристиника дошло до поплавување на паркирани возила и заглавување на десетина туристи. Овие лица информираат од македонското МНР, денеска биле евакуирани од грчките органи и меѓу нив нема македонски државјани.

Температурите се околу 15-от степен.