Апликациите за запознавање виновни за епидемија на сифилс во Европа

Сподели со своите пријатели

Европа се соочува со растечка епидемија од сифилис за што допринесуваат апликациите за пронаоѓање партнери и намалениот страв од сида, предупредуваат здравственит експерти.

Loading...

Шефот на Одделението за сексуално преносливи болести и вирусен хепатитис при Европскиот центар за превенција и контрола на заразни болести (ECDC) Ендру Амато Гаучи вели дека ширењето сифилис во Европа се интензивира поради загрижувачкиот ренд во човековото однесување.

– Различни фактори влијаат на ширењето на оваа болест, како што се сексуални односи без соодветна заштита, голем број партнери, намален страв од сида, недоволно сексуално образование, недостаток на пристап до кондоми за тинејџери, сексуални односи под дејство на алкохол или дрога, рекол Гуачи за РТ.

Според некои извештаи, апликациите како Тиндер и Гриндер, исто така допринесуваат за ширењето на болестите.

– Овие апликации и сајтови олеснуваат пронаоѓање сексуални партнери, а со самото тоа и ширење сексуално преносливи болести, како што е сифилисот, рекол Гуачи, додавајќи дека различни апликации можат да се користат за промовирање на превенцијата на болеста.

Во најновиот извештај на ECDC за период 2010-2017 година, се наведува дека бројот на заболени од сифилис во Европа е зголемен за 70 отсто.

Во некои земји забележана е вистинска епидемија на сексуално преносливи болести, а прва на листата е Исланд, каде бројот на случаи пораснал за неверојатни 876 отсто.

Следува Ирска со 224 отсто, додека во Британија и Германија бројот на заболени од сифилис се зголемил за повеќе од војно.

Loading...

– За да се спречи ширењето на сифилисот потребно е да се охрабрат луѓето да користат кондом, но и да ги засилат лекарските конторли и прегледи, каок и едукацијата, рекол Гаучи.

Засега нема вакцини за сифилис, но неколку истражувачки центри и групи работат на тоа.

Image by Anqa from Pixabay

Leave a Reply