Апел на Меѓународната заедница за атомска енергија поради Чернобил

Сподели со своите пријатели

Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) повика на „максимална воздржаност“ за заштита на нуклеарните постројки на Украина, по веста дека има борби во близина на Чернобил, местото на најголемата нуклеарна катастрофа во светот.

Агенцијата, која промовира употреба на нуклеарна енергија за мирнодопски цели, соопшти дека со голема загриженост ја следи ситуацијата во Украина.

МААЕ соопшти дека нивните украински колеги ги информирале дека откако руските сили го контролираат поранешниот нуклеарен објект, на тој објект не е забележана никаква штета, пренесува Би-Би-Си.

Генералниот директор на агенцијата Маријано Гроси наведува дека од витално значење е операциите кои се изведуваат во затворената зона на нуклеарната централа никако да не бидат загрозени.

Чернобил, лоциран северно од Киев во близина на границата со Белорусија, е местото на најголемата нуклеарна катастрофа во историјата, во 1986 година, кога експлодираше еден од четирите реактори.

Оштетениот реактор сега е опремен со челична конструкција и површината од околу 4.000 километри во близина е напуштена.