По поставувањето на столпчиња по должината на целиот булевар „Октомвриска револуција“ во Куманово, следуваше лавина реакции, дел од нив позитивни, дел негативни.
Одлучивме преку нашиот Инстаграм профил да спроведеме анкета и да видиме што навистина мислат граѓаните на Куманово за ваквиот потег на локалната самоуправа.
На прашањето дали се за ваквата одлука од страна на Општина Куманово, одговориле 506 лица, од кои позитивно се изјасниле 52% или вкупно 263 луѓе. Дека ваквото решение е погрешно мислат 243 лица, односно 48% од оние кои гласале.

Сепак поголемиот дел од кумановци сметаат дека ваквата одлука нема да го реши проблемот со непрописното паркирање. На прашањето „Дали столпчињата ќе го решат проблемот со непрописното пакрирање“ 54% од гласачите рекле „не“, додека позитивно се изјасниле 46% од вкупниот број анкетирани.
