Анкета: Речиси две третини од Французите сакаат распуштање на парламентот и нови избори

Сподели со своите пријатели

Околу 63% од Французите сакаат распуштање на парламентот и одржување нови избори, покажа денес анкетата на Ifop за француската LCI TV, додека премиерот Франсоа Бајру се бори да ја одржи својата малцинска влада.

Loading...

Како што пишува Ројтерс, анкетата на Ifop беше спроведена онлајн вчера на примерок од 1.000 испитаници.

Гласање доверба

Малцинската влада на Бајру е поблиску до соборување следниот месец откако трите главни опозициски партии изјавија дека нема да го поддржат на гласањето за доверба на 8 септември, кое Бајру го објави поради неговите планови за драстични намалувања на буџетот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Најмалку 30 загинати во лизгање на земјиштето во Индија (ВИДЕО)

Политичката неизвесност ги погоди француските акции и обврзници оваа недела.

Одлуката за распуштање на парламентот мора да ја донесе претседателот Емануел Макрон, а според анкетата на Ifop, 51% од испитаниците веруваат дека Макрон нема да го стори тоа.

Алтернативата на Макрон за распуштање на парламентот, доколку Бајру го изгуби гласањето за доверба, би била да назначи нова влада.