Осум од десет (79 отсто) Руси доста добро ја оценуваат работата на рускиот претседател Владимир Путин, а исто толку, 80 отсто, имаат доверба во него, покажуваат резултатите од истражувањето на руската агенција за јавно мислење (ФОМ).
Loading...
Мнозинството (79 отсто) од испитаниците одговориле дека Путин е доста добар во својата работа, додека 8 отсто ја оценуваат неговата работа како „прилично лоша“, покажуваат резултатите од истражувањето објавени на веб-страницата на ФОМ, пренесува РИА Новости.
На прашањето за довербата во претседателот, 79 отсто од испитаниците одговориле дека „попрво би му верувале на Путин“, додека 11 отсто од Русите „попрво не би му верувале“.