Анкета: Над 77 отсто од Русите му веруваат на Путин

Сподели со своите пријатели

Мнозинството Руси (77,3 отсто) му веруваат на рускиот претседател Владимир Путин, покажуваат резултатите од анкетата на Серускиот центар за истражување на јавното мислење (ВЦИОМ).

Loading...

Активностите на претседателот ги одобруваат 74,4 отсто, а неодобрување изразиле 16,2 отсто од граѓаните.

На Путин му веруваат 77,3 отсто од Русите, а не му веруваат 18,4 отсто од испитаниците, покажуваат резултатите од истражувањето спроведено од 10 до 16 јули, во кое учествувале 1,6 илјади Руси на возраст над 18 години, пренесува Риа Новости.

Анкетниот метод е телефонско интервју засновано на стратификуван двобазен случаен примерок на фиксни и мобилни броеви.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Реакцијата на украинската амбасадорка за време на судирот Трамп – Зеленски, за која сите зборуваат (ВИДЕО)

Примерокот е направен врз основа на комплетната листа на телефонски броеви што се користат на територијата на Руската Федерација.

За овој случаен (веројатност) примерок, максималната големина на грешка не надминува 1 процент за податоци собрани во текот на седум дена.