Резолуцијата 2401 на Советот на безбедност на Обединетите нации за прекин на огнот на Сирија, што беше усвоена во саботата, не се однесува на сирискиот реон Африн, каде Турција ја спроведува воената операција „Маслиново гранче“, изјави денеска потпаролот на турското Министерство за надворешни работи Хами Аксој.
Изјавата на Аксој претставува реакција на ставот на портпаролката на американскиот Стејт департмент, Хедер Нојерт, која вчера и порача на Анкара внимателно да го прочита текстот на Резолуцијата за да увиди дека треба да ги прекине операциите во Африн.
– Меѓу реоните посочени во Резолуцијата за кои се наведува дека предизвикукваат вознемиреност од хуманитарна гледна точка, не е наведе Африн, изјави Аксој.
Според него, во Африн не постои „поделба на населението на мирни граѓани и терористи“, туку во тој реон Анкара спроведува операција против терористичка организација која претставува закана за територијалната целовитост на Сирија и за националната безбедност на Турција.
– Токму затоа изјавата на Нијерт дека е неопходно внимателно да се прочита Резолуцијата, нема никаква основа и укажува на несфаќање на смислата на Резолуцијата или претставува желба за нејзино извитоперување, посочи Аксој.
Со Резолуцијата 2401 усвоена едногласно во саботата од страна на Советот за бебзедност на ОН се предвидува прогласување на 30-дневен прекин на огнот во Сирија./МИА