Ангелов: Состојбата со пожарите на отворен простор е алармантна

Сподели со своите пријатели

Состојбата со пожарите на отворен простор е алармантна, информираше денеска директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов.

Loading...

Ваквата изјава на Ангелов, следува по веста дека само вчера имало 37 пожари од кои два се гаснеа со ер трактор на ДЗС и хеликоптери на МВР.

– И покрај вчерашното интезивно гаснење 4 шумски пожари гореа во текот на целата ноќ и сеуште се активни. Во текот на викендот почнувајќи од петокот, заедно со сабота и недела имаше вкупно 95 пожари на отворен простор, додава Ангелов.

Тој упатува апел земјоделците да не палат стрништа, а сточарите да не палат пасишта.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Радмила Шекеринска назначена за втор човек на НАТО

– Сериозни врнежи нема подолго време, вегетацијата е исклучително сува, дневните температури се се уште високи, пожарникарите и пилотите се исцрпени и на крај на силите. Апелирам до сите градоначалници да ги следат законски пропишаните процедури и да бараат воздушна подршка тогаш кога се исцрпени сите останати можности. Пожари не се гаснат од воздух со ер трактори и хеликоптери без подршка на пожарникари од земја. Невозможно е да се изгасне пожар додека врз него не згазне пожарникарска чизма, вели тој.

Во моментов има 6 активни пожари од кои три се поголеми и поопасни.

– До вечер ќе станат многу повеќе. Напоменувам дека и најмалиот пожар за миг може да прерасне во голем пожар кој ги загрозува човечките животи, здравје и имот, додава Ангелов.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Радмила Шекеринска назначена за втор човек на НАТО

Инаку Во текот на септември се регистрирани вкупно 778 пожари на отворен простор од кои 43 се гаснети со воздухоплови.

Loading...

Никола Ивановски