Ангелов: Куманово ноќва ќе биде зафатено од пороен дожд

Сподели со своите пријатели

Куманово и дел од Крива Паланка ноќва ќе бидат зафатени од пороен дожд, најави директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов.

Loading...

Како што вели, тоа е надеж дека дел од пожарите ќе бидат изгаснети од дождот.

– Според прогнозите на УХМР кои се доста прецизни вечерва североисточниот дел на државата ќе биде зафатен со поројни дождови, се однесува пред се на Куманово и дел од Крива Паланка, а во текот на ноќта целиот источен дел на државата, покрај границата со Бугарија ќе биде зафатен со поројни дождови за кој веруваме дека ќе ни помогнат во справување со пожарите, како овој кај Каменица или Берово, рече Ангелов.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Пожарите не стивнуваат – Општина Куманово повикува на внимателност

Како што информираат од Управата за хидрометеоролошки работи, денес попладне, во текот на ноќта и утре претпладне ќе има изолирана појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за краткотрајно невреме.

До четврток ќе преовладува променливо облачно и посвежо време со локална појава на пороен дожд, грмежи и услови за краткотрајно невреме, особено во четврток.

Во случај на појава на електрични празнења се препорачува поголема внимателност, да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја, стои во соопштението на УХМР.

Никола Ивановски