Германската канцеларка Ангела Меркел на денешните избори го освои четвртиот мандат, покажуваат анкетите објавени по затворањето на избирачките места.
Според излезните анкети, крајно десничарката и антимиграциска Алтернатива за Германија (AfD) влегува во парламентот.
Демохристијанската партија на Меркел, според резултатите, освоила од 32,5 до 33,5 проценти од гласовите, додека Социјалдемократската партија е на второто место со 20-21 процент од гласовите, јавуваат АРД и ЗДФ. На третото место со освоиени околу 13% од гласовите е AfD.