Анџелина Џоли ненадејно ја посети Украина: Пеш влегла во земјата, предизвикан голем инцидент!

Сподели со своите пријатели

Изненадната посета на актерката и хуманитарка Анџелина Џоли на Украина предизвика внимание на јавноста поради нејзината придружба.

Според неколку извори, еден член од нејзиниот тим неочекувано бил регрутиран во украинската армија, пишува ПОЛИТИКО.

Џоли, која патувала како амбасадор на УНИЦЕФ, го посети Херсон во вторник, град на првата линија на одбраната на Украина против Русија.

Ова е нејзина втора посета на Украина од 2022 година. Претходно, таа го посети градот Лавов.

Висок украински функционер изјави за ПОЛИТИКО дека имало инцидент помеѓу член на придружбата на Џоли и локалните воени регрутери на контролниот пункт, но дека украинските власти сè уште се обидуваат да утврдат што точно се случило.

 

 

Службеникот, исто така, рече дека Џоли не ја известила украинската влада за нејзината намера да ја посети земјата и влегла во Украина пеш.

Копнените сили на украинската армија објавија соопштение со бројни детали за инцидентот, вклучувајќи тврдење дека регрутот бил возачот на Џоли, но подоцна ја избришаа изјавата и рекоа дека не можат ниту да потврдат ниту да негираат што точно се случило.

„Информациите што се шират во медиумите се искривени, истрагата е во тек и сите околности моментално се разјаснуваат“, рекоа подоцна.

Регионалната канцеларија за воено регрутирање во Николаев го потврди инцидентот за POLITICO, велејќи дека возачот на Џоли бил воен резервист и му било наредено да се јави на воена обука.

Не е познато дали возачот бил веднаш испратен на обука или ќе мора да се јави подоцна, а претставникот на Анџелина Џоли одби да го коментира случајот за јавноста.

Локалниот портал „Никвести“ објави видео од Џоли во Николаевската област, а шпекулациите за инцидентот се проширија на социјалните мрежи.