Андреј Настовски ќе го носи дресот на Куманово во новата сезона

Сподели со своите пријатели

Андреј Настовски е едно од првите нови имиња кои претстојната сезона ќе ги бранат боите на Кошаркарскиот клуб Куманово, откако денеска беше потпишан договорот за негов ангажман.

Loading...

Дваесетгодишниот Настовски е висок 192 сантиметри, а ќе биде одлично засилување за бековската позиција на Куманово.

 

 

Минатата сезона играше за струшкиот Црн Дрим, каде остана впечатлив по својата игра, особено откако во последното коло од сезоната скоро сам го совлада составот на МЗТ Скопје, во кој исто така има настапувано.

Освен Настовски, договори веќе имаат потпишано и српскиот интернационалец Стеван Глигоријевиќ, а повторно на тренерската позиција ќе застане Игор Ѓорѓиевски.

 

Loading...

 

Извори блиски до клубот за Кумановски Муабети велат дека во финална фаза се договори со уште двајца кошаркари од регионот, а во претстојната сезона освен на домашна сцена можно е Куманово да се натпреварува и на европска и регионална кошаркарска сцена, по најавите дека Спортската сала ќе биде реновирана до средината на септември.

Никола Ивановски

Leave a Reply