Дополнителен заменик министер за внатрешни работи Оливер Андонов денес беше во работна посета на Секторот за внатрешни работи Куманово каде се сретна со заменик началник Моме Јакимовски и остнатите надлежни лица во секторот.
Loading...
Денешната посета на СВР Куманово е во рамки на планираните посети во сите сектори за внатрешни работи низ македонија со цел запознавање со безбедносната сосотјба на самиот терен запознавање со приликите во секторот за внатрешни работи куманово и секако поддршка на врабиотените за извршување на своите работни задачи и професионални обврски согласно законот и заштитата на Уставот на Република Македонија – изјави Андонов.
Андонов го обвини Спасовски дека им забранува на началниците на Секторите за внатрешни работи кои ги псотавил да го пречекуваат при посетите при што не може да размени информации за функционирањето на одделениејата на МВР.
Како што е вообичаената пракса очигледно на министерот спасовски да наредува на началниците на свр куманово кои тој ги поставил односно на СВР низ Македонија да не ме пречекуваат и да не бидат присутни кога јас доаѓам, убеден сум дека навосдните денешни неодложни обврски на началникот на СВР Куманово поставен од привремениот министер спасовски не беа толку неодложни да не биде тука за да се видиме и поразговараем за безбедносната состојба од интерес на граѓаните на рм. Ова само покажува кои се тенденциите и со што се за жал ќе се сретнуваме во идниот период до формирањето на политичката Владата во Република Македонија – рече Андонов.
Инаку, исто како и министерот Спасовски и заменикот Андонов потенцираше дека безбедносната состојба во Куманово е стабилна и нема место за загриженост од граѓаните.