Единаесетгодишната Анастасија Арсовска од Куманово освои трето место на Државното првенство во тенис што изминатиот викенд се одржа на Тениската академија во Скопје.
Арсовска, која инаку е ученичка во шесто одделение во ООУ „Кочо Рацин“ во Куманово, се натпреваруваше во категоријата јуниори и јуниорки до 12 години.
Љубовта кон тенисот Анастасија започнува да ја негува од мали нозе и веќе на 5 и пол години започнува да тренира во Тенискиот клуб Тумба со тренерот Игор Поп Глигоров.
Започнува да тренира во категоријата црвен тенис, за да премине во портокалов и сега веќе е во зелениот кој е за спортисти од 10 до 11-годишна возраст. Најпрвин нејзините тренинзи се одвиваат во групи, за да денеска работи како индивидуален спортист со тренерот Поп Глигоров.
Има учествувано на многу турнири и првенства на кои има освоено одлични резултати, а важи за една од најдобрите тенисерки во државата за нејзина возраст.
Никола Ивановски