Амстердам: Бездомник вратил паричник со две илјади евра

Сподели со своите пријатели

Хаџер Ал-Али, 33-годишник кој е бездомник 18 месеци, го пронашол паричникот додека барал пластични шишиња за кои може да добие надокнада.

Loading...

Во паричникот имало „околу две илјади евра, но за жал немало лични документи или начин да се контактира неговиот сопственик“, соопшти полицијата.

„Бидејќи веруваме дека чесноста се исплати“, Ал-Али добил признание во вид на статуетка со сребрен палец и подарок ваучер од 50 евра, соопштија властите.

Доколку никој не се јави за паричникот во рок од една година, парите ќе му бидат дадени на тој што ги пронашол.

„Не е важно што ќе најдам, секогаш го враќам“, рече Ал-Али во видеото што го сподели локалниот медиум Де Стентор.

„Можеби сопственикот има компанија каде што може да ми обезбеди работа или сместување каде што би можел да живеам. Никогаш не се знае“, додаде тој.