Маглата која утринава се појави низ котлините, прилично ја намали видливоста на патиштата низ државава, па така видливост од 50 до 100 метри има Тетово, Маџари, Куманово, Македонски Брод, Сарамзалино, Делчево, Неготино, Удово, Кула, Петровец, информираат од Авто-мото Сојузот на Македонија.
АМСМ препорачува исклучително внимателно возење, прилагодена брзина движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и планирање на патувањето според временските услови. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Гостивар – крак Маврово – Стража, Демир Капија – Удово и Виница – Берово, каде е можна почеста појава на одрони.
Сообраќајот на сите државни патишта се одвива без забрани и застои, по наместа влажни коловози, додаваат од Авто-мото Сојузот кои предупредуваат на законската опрема за носење зимска опера.