Амонијак протече, откако беше погодена фабрика во Суми

Сподели со своите пријатели

Гувернерот на украинскиот регион Суми, Дмитро Живоцки изјави дека има истекување на амонијак од фабриката за вештачко ѓубриво недалеку од градот Суми.

Loading...

 

Британците објавија нови податоци: Тешките борби продолжуваат северно од Киев

 

Ова се случи откако гранати испукани од руските сили ја оштетиле цистерната.

„Во гранатирањето на руските непријатели е оштетен тенк со амонијак со капацитет од 50 тони“, изјави Живоцки.

 

Loading...

 

Тој истакна дека нема опасност за жителите на Суми, град во североисточна Украина, пренесува Гардијан.

Живоцки на социјалните мрежи сподели серија фотографии на кои тврди дека ја прикажува погодената фабрика Сумикимпром.

Тој претходно изјави дека се верува дека загрозеното подрачје е во радиус од 2,5 километри и дека граѓаните треба да се засолнат во прифатилишта и подруми.

 

 

Британците објавија нови податоци: Тешките борби продолжуваат северно од Киев

 

Loading...

Живоцки во објави на Фејсбук и Телеграм предупреди дека е загрозено селото Новоселција. Тој им порача на жителите од контаминираните области да дишат преку газа натопена со лимонска киселина.

Фабриката Сумикимпром се наоѓа во предградието на Суми, град со околу 250.000 жители.

Според веб-страницата Sumikimprom, ова е фабрика која произведува широк спектар на хемиски ѓубрива.

 

Зошто Мариупол е толку важен за Русија?

 

Истекувањето на амонијак од фабриката за вештачко ѓубриво „Сумикимпром“ е запрено, објави подоцна во понеделникот гувернерот на украинскиот регион Суми, Дмитро Живицки.

Како што рече, итните служби успеале да го спречат истекувањето по два часа, а моментално го решаваат проблемот со облакот од амонијак, јавува Би-Би-Си.

Loading...